Tренерот на Тотенхем, Игор Тудор е жестоко критикуван од светската спортска јавност затоа што го замени 22-годишниот голман Антонин Кински уште во 17. минута од првиот натпревар во осминафиналето на Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид. Атлетико победи со 5-2, а веќе по 15. минута водеше со 3-0. Од трите гола што ги прими Тотенхем, два беа по катастрофални грешки на нивниот голман.
Кински играше за прв пат во Лигата на шампионите оваа сезона синоќа и тоа веќе беше големо изненадување за Тудор. Тој објасни дека го сторил тоа затоа што сакал да го одмори првиот голман Гуљермо Викарио од голот затоа што неодамна бил критикуван.
Но, сега навивачите на Тотенхем и фудбалските фанови се шокирани што Тудор го замени голманот толку рано, а особено што не го поздравил ниту утешил за време на замената.
„Замена што повеќе зборува за Тудор отколку за неговиот голман“
Марка е исто така згрозена од однесувањето на Тудор кон својот голман.
„Човекот што почна со Кински беше истиот што подоцна го „уби“: Тудор“ – вели „Марка“ во својот текст притоа дополнувајќи:
„Антонин Кински. Запомнете го ова име бидејќи тоа е веќе историја на Лигата на шампионите. Тоа што се случи на Метрополитен засекогаш ќе остане обележано, со неговите 17 минути на терен и замената која зборува повеќе за неговиот тренер Игор Тудор отколку за самиот голман. Да не заборавиме, Кински има само 22 години и ова е само негова втора сезона на елитно ниво. Сепак, оваа сезона одигра само два натпревари пред да гостува против Атлетико во Мадрид“.
„Неговите две сериозни грешки што доведоа до голови го испратија на клупата. Ова беше на чудење на сите негови соиграчи, публиката на „Метрополитен“ и самиот играч, кој пцуеше додека излегуваше од теренот, кон никој друг туку кон Игор Тудор, човекот кој претходно сам одлучи дека е ден да го остави првиот голман Викарио на клупата против Атлетико“.
You’ve taken a risk on a young keeper and it’s backfired. As a manager you need to take responsibility. At least console him. Tudor has used Kinsky like a disposable razor pic.twitter.com/H2jEZtbcmy
— Pythagoras In Boots ⚽️ (@pythaginboots) March 10, 2026
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

