Лука Дончиќ минува низ најголемиот скандал во својот приватен живот, па многумина се прашуваа како тоа ќе влијае на неговите игри во дресот на Лос Анџелес Лејкерс. Сепак, словенечкиот кошаркар тоа најдобро го демонстрираше синоќа.
Пред неколку дена се појави информација дека љубовната приказна меѓу Дончиќ и неговата свршеница Анамарија, која трае повеќе од десет години, завршила на неславен начин. Тие добија второ дете во декември, но според американските медиуми, повеќе не живеат заедно, а Анамарија ги избриша сите нивни заеднички фотографии од социјалните мрежи.
Веќе се шпекулира дека Дончиќ наводно ја изневерил својата свршеница и дека таа потоа решила да ја прекине свршувачката и љубовната врска што ја имале.
Но, сето тоа не се одрази на игрите на Лука на терен. Лејкерси синоќа играа на својот паркет против Минесота Тимбервулвс и победија убедливо со 120-106, а токму Дончиќ беше најдобриот играч на овој натпревар.
Дончиќ помина речиси 35 минути на паркетот и успеа да забележи трипл-дабл учинок по којзнае кој пат. Словенецот го заврши натпреварот со 31 поен, 11 скока и 11 асистенции и ги предводеше Лејкерси до уште една победа, но исто така покажа дека сè што се случува во неговиот приватен живот воопшто не влијае на неговите игри.
Покрај Дончиќ, во дресот на Лејкерси се истакна и Ривс, кој исто така постигна 31 поен и имаше осум асистенции и седум скока.
Екипата на Минесота целосно потфрли, а Едвардс и Рендл беа најдобри во редовите на Тимбервулвс синоќа со по 14 поени.
Од другите натпревари, се издвојува победата на Сан Антонио Спарс над Бостон Селтикс (125-116). Сакраменто Кингс беа подобри од Индијана (114-109), додека Чикаго Булс ги победија Голден Стејт Вориорс со 130-124 по продолжението.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

