Хрватскиот тренер Игор Тудор доби жестоки критики од фудбалскиот свет за промената на голманот Кински уште во 17. минута на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите против Атлетико Мадрид.
Но, сепак, се појави видео кое откри дека потегот всушност не бил негова идеја.
Моментот по третиот примен гол е објавен на социјалните мрежи, кога Тудор разговара со капитенот Кристијан Ромеро, а веднаш потоа се сврте кон клупата и посочи дека прават замена и дека Кински излегува.
Многумина веруваат дека Ромеро му рекол на Тудор да го замени голманот бидејќи Кински е целосно надвор од натпреварот по две огромни грешки.
Кога Кински го напушташе теренот, Ромеро му пристапи за да му даде поддршка, што ги налути навивачите на Тотенхем уште повеќе кога сфатија дека аргентинскиот дефанзивец очигледно стои зад сè.
Romero told Igor Tudor to take Kinsky off 😭😭 pic.twitter.com/C5kP9rWv1n
— Footy Humour (@FootyHumour) March 10, 2026
Како и да е, ситуацијата во Тотенхем не е полоша долго време, и се чини дека Тудор нема да остане таму долго.
Тотенхем гостува кај Ливерпул за викендот, а следната недела ќе игра реванш дома против Атлетико Мадрид.
Но, низ интернет просторот се споделува и видео од катастрофалните грешки на Кински поради кои Тотенхем имаше негатива од 3-0 по само 15 минути игра.
These angles of Kinsky errors are NUTS😭pic.twitter.com/AeBmC9GMg9
— Dex (@DexxterUtd) March 10, 2026
22-годишниот Кински во Тотенхем пристигна од Славија Прага, минатиот јануари за 16,5 милиони евра. Минатата сезона бранеше десет пати за Спарс, додека оваа сезона беше на голот три пати. Прими 22 гола, а од 13 настапи не прими гол четири пати.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

