Ѕвездата на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ, и неговата долгогодишна вереница Анамарија Голтес тргнаа по различни патишта, па познатиот кошаркар сега се бори за старателство над нивните две ќерки, потврди тој за ЕСПН. Во исто време, Анамарија Голтес, мајката на неговите две деца, поднесе барање за алиментација. Според извештајот, Голтес во моментов не бара целосно старателство, туку само алиментација и судски трошоци.
Извори блиски до Дончиќ тврдат дека тој „немал поим“ за барањето поднесено во Калифорнија, каде што едната ќерка поминала само три месеци минатата пролет, додека другата никогаш не престојувала во таа држава. Истите извори додаваат дека Дончиќ, кој во август потпишал тригодишно продолжување на договорот во вредност од 165 милиони долари, секогаш се грижел финансиски за семејството и ги покривал сите трошоци на својата ќерка „без ограничувања“.
„Правам сè за среќата на моите ќерки“
Во официјално соопштение доставено до медиумите во вторник, Дончиќ ја објасни својата страна од приказната.
„Ги сакам моите ќерки повеќе од сè и направив сè што можев за да бидат со мене во САД во текот на сезоната, но тоа не беше можно, па затоа неодамна донесов тешка одлука да ја прекинам свршувачката“, рече Дончиќ.
„Сè што правам е за среќа на моите ќерки и секогаш ќе се борам да бидам со нив и да им го дадам најдобриот можен живот.“
Luka Dončić’s partner, Anamaria Goltes has taken their two kids back to Slovenia and has filed a petition for child support 😳
This comes after Anamaria recently deleted all photos of Luka off her Instagram profile 😢
(via TMZ) pic.twitter.com/sZ6nYzQ2qD
— Basketball Forever (@bballforever_) March 10, 2026
Настани кои доведоа до прекинување на врската
Дончиќ (27) и Голтес, инфлуенсерка за мода и фитнес, се познаваат уште од детството и се во врска од 2016 година. Се свршија во јули 2023 година, а ја добија својата прва ќерка, Габриела, во ноември истата година, додека Дончиќ сè уште играше за Далас Маверикс.
Нивното второ дете, ќерката Оливија, се роди во декември во Словенија, неколку месеци откако се приклучи на Лејкерси. Проблемите во врската станаа јавни кога Голтес ги избриша сите фотографии со словенечкиот кошаркар од својот Инстаграм профил минатата недела, што предизвика бројни шпекулации. Причината за тоа, според медиумите, е што Дончиќ ја изневерил Голтес веќе во неколку наврати, а последно се спомнува позната српска пејачка.
Клучниот момент се случи во декември, кога Дончиќ отпатува во Словенија за да присуствува на раѓањето на неговата помлада ќерка, поради што пропушти два натпревари на Лејкерси. Според изворите, Дончиќ сакал да ја земе со себе постарата ќерка Габриела назад во САД, но по несогласувањата со неговата свршеница во тоа време, Голтес повикала полиција откако мирно ја напуштил породилната болница во Крањ.
Полицијата спровела интервјуа со двете страни и во официјалниот извештај, до кој ЕСПН имал пристап, навело дека „не се пронајдени елементи на кривично дело или прекршок“ од страна на Дончиќ. Истиот ден, Дончиќ се вратил во САД и оттогаш, според изворите, не ги видел ниту своите ќерки ниту Голтес.
По враќањето, тој накратко го коментирал патувањето пред новинарите:
„Дури и не знам како да го опишам. Имаше многу. Бев таму за раѓањето на мојата ќерка, па затоа ми значи сè. Но, дефинитивно беше ролеркостер од емоции“.
На крајот на февруари, Дончиќ поднесе барање до словенечките судови за привремена мерка со цел да има непосреден контакт со своите ќерки, кои ги видел само два дена од почетокот на сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

