Скандал во женски фудбал: Љуботен напушти терен по два поништени гола (ВИДЕО)

Женскиот фудбалски клуб Љуботен во 75. минута го напушти натпреварот против Ас Јунајтед откако им беа поништени два гола.

Мечот од првата женска лига меѓу Ас Јунајтед и Љуботен не го доживеа крајот откако гостинските фудбалерки го напуштија теренот револтирани од делењето на правдата.

Теренот го напуштија откако беше поништен и втор гол за нив, и двата поради наводни офсајд ситуации.

Љуботен се наоѓа на втората позиција во шампионатот со пет бодови помалку од лидерот Скопје.

Се вчитува...