Како во старите добри времиња: „Сити парк бојс“ во својот „Градски Парк“

Работнички вечерва го пречекува Маџари во меч што ќе остане запаметен како прв што „центарци“ го играат во својата сала „Градски парк“ по нејзиното целосно реновирање што траеше неколку години.

„Сити Парк Бојс“ со месеци наназад водеа војна со управата, но вечерва најверните навивачи на Работнички се најдоа на трибината, онаа своја добро позната уште од „стариот Градски Парк“, давајќи безрезервна поддршка на кошаркарите во битката што е исклучително важна за да се стигне до бодови за опстанок во елитата.

Се вчитува...