Меч за паметење – Ефремовски со 50 поени против Маџари

Кошаркарите на Работнички со стил се вратија во својот дом салата „Градски парк“ во Скопје, откако вечерва славеа со убедливи 97-74 против најголемото изненадување сезонава во Првата лига Маџари во меч од 18. рунда.

Првиот меч во реновираниот „Градски парк“ го одбележа неверојатната партија на Виктор Ефремовски. Одличниот бек шутер го одигра еден од најдобрите мечеви во историјата на нашата лига завршувајќи со 50 поени со одлична реализација од 60 отсто од игра.

 

Се вчитува...