Фудбалерите на Реал Мадрид имаат предност од 3-0 на полувреме против Манчестер сити во првиот натпревар од најатрактивниот двомеч во осминафиналето во Лигата на шампионите.
Херој за „кралевите“ по првото полувреме е неверојатниот Федерико Валверде кој беше стрелец на трите гола. Уругвајскиот репрезентативец донесе водство за својот тим во 20. минута од 1-0, додека на 2-0 зголеми во 27. минута. 3-0 беше во 41. минута со третиот гол на неверојатниот Уругваец.
Real Madrid [2] – 0 Manchester City – Federico Valverde 27'
byu/ayoefico insoccer
Актуелниот европски шампион Пари Сен Жермен има водство од 2-1 на полувреме на домашен терен против Челси. Водство за „светците“ од 1-0 донесе Баркола во 10. минута, додека на 1-1 израмни Мајо Густо во 28. минута. Ново водство за домаќините донесе Дембеле во 40. минута (2-1).
PSG 1 – [1] Chelsea – Malo Gusto 28'
byu/Alsace2025 insoccer
Бодо Глимт продолжува со својата историска сезона откако води на полувреме против Спортинг Лисабон со 2-0. Фет од пенал во 32. минута донесе водство од 1-0, додека на 2-0 зголеми Бломберг во 46. минута.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

