Еден од најдобрите македонски кошаркари на денешницата Андреј Јакимовски и неговиот Тренто направија голем резултат откако во трилер меч по продолженија славеа на гостувањето кај Венеција со 90-94 во натпревар од осминафиналето во Еврокупот.
Италијанските прволигаши одиграа еден израмнет натпревар во кој поголемата концентрација во продолженијата беше доволна за победа на Тренто. Јакимовски натпреварот го заврши со шест поени и девет скока.
Најефикасен во таборот на победникот беше Џонс кој постигна 38 поени, додека кај поразените Вилтјер заврши со 16 поени. Во четвртфиналето Тренто ќе игра против турски Бешикташ.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

