Хјустон го претрпе најубедливиот пораз оваа сезона откако „ракетите“ загубија со 129-93 на гостувањето против Денвер во синоќешното дерби на Западната конференција.
Дуелот требаше барем на хартија да биде неизвесен, но мина во апсолутна доминација на домашниот тим. Воедно, убедливото водство му овозможи на тренерот Аделман во последнот период да ги одмори клучните играчи за наредниот меч во кој Денвер за противник ќе го има Сан Антонио, тимот што моментно се наоѓа на второто место во Западната конференција.
Јокиќ и со скратена минутажа успеа да стигне до трипл-дабл од 16 поени, 12 скокови и 13 асистенции, а најефикасен беше Џамал Мареј со 30 постигнати поени.
Њујорк лесно и убедливо славеше на гостински терен над Јута со 117-134, Брансон со 28 и Кларксон со 27 поени беа најефикасни во победничкиот тим.
Најрасположени за кошеви беа играчите на ЛА Клиперс, кои броеја до 153 на дуелот со Минесота (153-128). Каваи Ленард со 45 поени беше клучна фигура во победничкиот тим, додека Едвардс постигна 36 на спротивната страна.
Резултати НБА:
Орландо – Кливленд 128-122, Њу Орлеанс – Торонто 122-111, Јута – Њујорк 117-134, Денвер – Хјустон 129-93, Сакраменто – Шарлот 109-117, ЛА Клиперс – Минесота 153 – 128.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

