Ѕвездата на Реал Мадрид, Федерико Валверде, кој постигна хет-трик против Манчестер Сити во Лигата на шампионите, рече дека долго време не уживал толку многу во натпревар, но исто така истакна дека пред сè е среќен за победата на својот тим.
„Кралевите“ славеа со 3-0 во првиот натпревар од двомечот во осминафиналето во Лигата на шампионите, а токму Валверде беше најголем виновник за таа победа.
„Беше неверојатно. Сонувате за вакви натпревари. Навистина уживав. Всушност, помина долго време откако се чувствував толку добро играјќи натпревар. Среќен сум, но пред сè затоа што тимот победи“, рече Валверде.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

