„Немав претстава кој е Желимир Обрадовиќ“

Поранешниот кошаркар на Партизан, Џејмс Нанели, призна дека не знаел кој е Желимир Обрадовиќ сè додека не станал негов тренер.

Двајцата работеа заедно, прво во Фенербахче, каде што ја освоија Евролигата, а потоа и во Партизан.

Сепак, Нанели немаше претходно познавање за најтрофејниот тренер на сите времиња во Европа.

„Немав поим кој е тој. Дури и не го гледав Фајналфорот минатата сезона. Еден од моите соиграчи, Иван Бува, ме праша дали го гледаме Фајналфорот, а јас му реков дека не го гледам и дека ќе ги гледам плејофот во НБА. Немав поим за историјата на тренерот, но брзо ја научив“, истакна Нанели.

Се вчитува...