Борозан: Мечот против Алкалоид за нас е натпревар на годината

ГРК Охрид и Алкалоид овој викенд ќе се сретнат во плеј-офот во Суперлигата во меч што можеби ќе го одлучи и третото место во домашниот шампионат.

Ракометарот на охриѓани, Вуко Борозан пред дуелот вели дека ова ќе биде најважниот натпревар годинава за неговиот тим.

„Натпревар на сезоната. Влогот е Европска лига, очекуваме многу квалитетно натпреварување, цврста одбрана во двата правци, мислам дека одбраната ќе биде клучот до победата. Кој и да игра подобра одбрана ќе победи. Се надевам дека тоа ќе бидеме ние. Се подготвуваме максимално и знаеме дека ова е финале на Супер лигата за нас. Затоа, едноставно нека дојдат во што е можно поголем број навивачи за да бидат наш осми играч“, изјави Борозан.

Се вчитува...