Ферстапен: Не сакам да ја напуштам Формула 1, но…

Од новата сезона на Формула 1, правилата се променија. Многу возачи, се мачат со новите спецификации. Еден од нив е четирикратниот светски шампион Макс Ферстапен.

Тој ја заврши Големата награда на Австралија на шестото место што е слаб резултат за него.

„Во конфликт сум бидејќи не уживам во возењето на болидот, но уживам во работата со мојот тим. Не сакам да ја напуштам Ф1, но се надевам дека работите ќе се подобрат. Разговарав со Ф1 и ФИА и работиме на нешто што, се надевам, треба да поправи сè“, изјави Ферстапен. 

Се вчитува...