МЗТ со одличен финиш до лесен триумф над Маџари

Се очекуваше лесна победа и доминација на МЗТ во дуелот со Маџари, но домашниот тим одлично се држеше со фаворитот. Меѓутоа потклекна во финишот, а клучна беше серијата од 16-0 на крајот на третата, и на почетокот на четвртата четвртина. На крајот триумф на гостите со 94-81.

После водството во првата четвртина на МЗТ, Маџари успеа да „стопи“ дел од разликата до полувремето, а во третиот период на моменти да има и предност. Меѓутоа откако Маџари поведе со 64-63, дозволи противникот да дојде во серија од 9-0, и пред последниот период да замине со предност од 64-72.

Со научена лекција „металците“ влегоа во последниот период, и направија уште една низа од 7-0 (вкупни 16-0), со што брзо стигнаа до предност од 15 поени разлика, од кои Маџари не можеше да се врати во игра.

Смит кај МЗТ и Грин кај Маџари постигнаа по 23 поени. Смит имаше и неверојатни 12 асистенции. Хот исто така запиша „дабл-дабл“ кај Маџари со 11 поени и 10 скока.

Се вчитува...