Предводени од Алеикс Гомез со девет голови, ракометарите на Барселона стигнаа до триумф на гостувањето кај Нант со 32-30, и така се стекнаа со одлична предност пред реваншот на домашен терен, кој им гарантира дека може да се пласираат на фајнл-форот.
Двете екипи се менуваа во водство, а првата поголема предност Барселона ја направи кога водеше со 6-9. До крајот на полувремето шпанската екипа не направи поголема разлика од два гола, за на полувреме да замине само со +1 (18-19).
Во вториот дел и Нант и Барса ги „стегнаа“ одбраните, па имаше помалку голови. Нант брзо направи пресврт и поведе, но застана на 22, кога Барселона со серија од 5-0 успеа да поведе со +4. Потоа Нант се врати со два гола, па одново Барса отиде на +4 на неколку пати, за на крајот француската екипа да стигне до подносливи два гола разлика, но ќе има мали шанси за изненадување во Барселона.
Кај домашниот тим Одриозола постигна шест гола, Ривера и Турна дадоа по пет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

