Американската алпска скијачка Микаела Шифрин откри дека била жртва на онлајн малтретирање за време на Зимските олимписки игри во Кортина д’Ампецо.
Актуелната лидерка во Светскиот куп јавно објави дел од онлајн навредите што ги добила за време на Олимписките игри во Италија.
Шифрин сподели дел од коментарите во видео на Инстаграм пред трките во велеслалом и слалом од Светскиот куп во Оре овој викенд.
„Срам да ти е, предавничке“, „Остани во Италија, кучко“ и „Лоша си“ беа само дел од навредите што ги добила.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

