Годинешната завршница од Купот на ОФМ во женска конкуренција ќе ја сочинуваат бранителот на титулата Наковски Волеј и тројца дебитанти – Вардар ЕМ, Младост УГД и Газели Волеј.
Новајлијата и во прволигашкото друштво Газели Волеј беше последниот тим кој го потврди своето место на финалниот турнир од Купот, откако во последниот четвртфинален дуел пред својата публика во Скопје со 3:0 (25-16, 25-20, 25-13) го елиминираше Пелистер Волеј.
Очекувањата беа дека ривалите ќе понудат неизвесен дуел, но „газелите“ покажаа голема решителност, дисциплинирано го одиграа комплетниот натпревар, за разлика од бледото издание на гостинките од Битола, кои беа далеку од нивниот реален квалитет.
Со убедливата победа Газели Волеј им се приклучија на Наковски Волеј, како и Вардар ЕМ и Младост УГД, кои испишаа клупска историја, и уште минатата недела го потврдија своето место во полуфиналето.
Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи следната недела.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

