Александра Пејковска делегат на мечот Ријека – Стразбур во Конфeренциската лига на УЕФА

Ниту еден месец во европските фудбалски купови не може да мине без претставниците на Фудбалската федерација на Македонија во УЕФА.

На стадионот во Ријека делегат на првиот меч од осминафиналето на Конференциската лига меѓу Риека и францускиот клуб Стразбур ќе биде Александра Пејковска, која често ја врши оваа значајна функција и на натпревари за мажи.

Ријека во претходното коло од нокаут фазата беше подобра од Омонија од Кипар. Во Лигата на европските шампиони, како првак на Хрватска беше елиминирана од бугарскиот Лудогорец, во Лига на Европа од солунски ПАОК.

Во текот на март на европската фудбалска сцена ќе дебитира и судијата Стојанче Трпчевски од Кавадарци кој го замени на листата Јован Качевски од Струга. Тој успешно ги положи сите тестови и физичките норми на УЕФА семинарот на Кипар и се здоби со право да суди на меѓународни натпревари.

И веднаш доби шанса за своето деби. Ќе биде еден од главните судии на квалификацискиот турнир за Европско првенство, играчи до 17 години, А група што ќе се одржи во Пловдив во Бугарија, од 23 до 31 март. Ќе  му помага  Александар Ѓурковски. На турнирот ќе играат репрезентациите на Литванија, Азербејџан, Малта и Бугарија.

М.М.

Се вчитува...