ЛЕ: Реми во италијанската пресметка, Бетис „падна“ во Атина (ВИДЕО)

Болоња и Рома одиграа нерешено 1-1 во италијанската пресметка во 1/8 финалето во Лигата на Европа, па патникот во следната фаза ќе се одлучува на реваншот во Рим.

Болоња имаше предност со голот на Бернардески во 50. минута од средбата. Лоренцо Пелегрини во 71. минута успеа да го израмни резултатот и сега ќе го има домашниот терен како најсилен адут за пласман меѓу најдобрите осум во ова натпреварување.

Астон Вила е блиску до пласман во следната фаза со победата на гостувањето кај Лил. Воктинс во 61. минута ја донесе победата со која тимот од Бирмингем се доближи до пласман во 1/4 финалето.

Со предност од Германија заминува Порто, кој славеше на гостувњето кај Штутгарт 1-2. Порто имаше предност од 0-2, но Германците успеаја да намалат, и да ги задржат шансите за пласман во следната фаза.

За само шест минути со головите на Мофи и Мора, Порто дојде до два гола предност, а Ундав успеа да намали во 40. минута. Штутгарт постигна гол во последните мигови, но истиот беше поништен по консултација со ВАР собата.

Панатинаикос стигна до победа над Бетис со гол од пенал во 88. минута на Таборда. Грчкиот тим имаше играч помалку по исклучувањето на Зарури во 59. минута, но успеа да стигне до погодок, а потоа и Љоренте беше исклучен кај Бетис, па силите на теренот беа израмнети.

Се вчитува...