Четири финалиња за македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија

Продолжуваат одличните настапи на македонските кикбоксери на Светскиот куп кој се одржува во Италија.

Македонските репрезентативци успеаја да извојуваат четири победи во полуфиналните борби, па четворица кикбоксери ќе се борат за златото на Светскиот куп.

Во денешните финални борби во битката за златниот медал ќе бидат ​Силвио Митровски, Пепи Велков, Калин Бабоски и​ Андреј Смилески.

Со голем оптимизам се очекуваат борбите за злато, претходно досега веќе се обезбедени и три бронзени медали.

Се вчитува...