Бајката на словенечкиот тим Цеље во Лигата на Конференции е пред завршување, откако атински АЕК славеше триумф со неверојатни 0-4 на гостувањето кај оваа екипа која „газеше“ се пред себе.
Меѓутоа наиде на сериозна пречка, па грчкиот тим успеа сериозно да се доближи до 1/4 финалето откако уште по првиот дел водеше со 0-3. Варда, Коита и Гачиновиќ му донесоа предност на АЕК од 0-3 на полувреме, а потоа Мукуди постигна и четврти гол во 49. минута.
Немаше голови на мечот Кристал Палас – АЕК Ларнака. Ова е изненадувачки резултат, со оглед дека англискиот тим важи за еден од фаворитите за освојување на трофејот.
Екипата на Фиорентина со 2-1 го победи Раков на свој терен. „Виолетовите“ славеа благодарение на головите на Ндур и Гудминсон, и тоа со пресврт по водството на гостите со голот на Брунес во 60. минута.
Немаше голови и во Чешка на мечот Сигма – Мајнц.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

