„Ѓоковиќ ме изведе на вечера со 3 евра во џеб, а цехот – 300 евра!“

Поранешниот чилеански тенисер Пол Капдевил откри непознати детали за средбата со Новак Ѓоковиќ.

Чилеанецот сподели малку позната приказна кога се сретнал со Ѓоковиќ на вечера во Германија.

„Се сеќавам еднаш излеговме да јадеме, а Ѓоковиќ имаше само три евра во џебот. Седнавме во ресторан во Германија и тој ми рече: Пол, јас частам. Знаеш ли дека еден ден ќе бидам број еден во светот? Ќе бидам ѕвезда. Почнавме да нарачуваме. Тој ги зеде јастогот, стекот“.

„Дали сакаш вино?“, постојано ме прашуваше. „Јас не пијам вино. Разговараш со идниот број еден во светот. Ќе ги срушам сите рекорди“, рече тој.

На крајот, стигна сметката – 300 евра. Го прашав како ќе ја платиме.

„Не грижи се, ќе платам. И тој плати, иако всушност немаше ништо“, рече Капдевил и продолжи да го раскажува разговорот со српскиот тенисер.

„Потоа додаде: Знаеш ли зошто ќе срушам секој рекорд и ќе бидам најдобар? Затоа што направив работи што ти не ги направи. За време на војната морав да ги закопам моите пријатели од училиште. Знам какво е да се издигнеш од сиромаштија, ти тоа не си го доживеал. Тоа ме направи многу силен. Се сетив на тие негови зборови“, вели сега Чилеанецот.

По завршувањето на неговата играчка кариера, Капдевил успешно се префрли во светот на бизнисот, каде што презеде улоги во рударската индустрија и недвижностите.

За време на неговата 12-годишна професионална кариера, од 2002 до 2014 година, тој заработи повеќе од 1,1 милион долари.

Се вчитува...