Ракометарите на Пролет рутински стигнаа до втората победа во второто коло од плејаут-натпреварувањето откако вечерва славеа со резултат 31-25. Скопскиот тим ја потврди разликата во квалитет, одигра доволно за да го скрши отпорот на гостинот во првиот дел, а во вторите 30 минути да го одржи водството за заслужена победа, за Струга пораз што уште повеќе ја компликува трката за опстанок за стружани.
Гостите успеаја да парираат само во првите десетина минути кога резултатот гласепе 7-6, потоа Пролет предводен од Стоилевски успеа да се одлепи на 12-6 и да си го трасира патот до победата. Василевски го постигна последниот гол во првото полувреме за 16-12 за Пролет, како најава за фуриозниот старт на вториот дел во кој домашниот состав набрзина стигна и до 23-13. Остатокот од натпреварот мина во рутинско одржување на убедливото водство на Пролет, за заслужена победа изразена со конечните .
Крилата Палевски со девет и Стоилевски со седум погодоци беа најефиасни во победничкиот тим, додека кај Струга прв стрелец беше Наум Костов со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

