Андриј Шевченко беше присутен минатиот викенд на „Сан Сиро“, во живо следејќи ја големата победа на градското дерби со Интер.
Тој не го криеше задоволството што Милан повторно делува на сериозна екипа, за најзаслужтен потенцирајќи го тренерот Масимилијано Алегри.
„Беше прекрасно, чувствував нешто во стомакот, позитивно чувство, како во најдобрите денови кога играв за Милан. Прекрасно беше повторно да се види тимот, во академијата се сретнат со Тасоти, имав разговор со тренерот Алегри. Тој прави да се чувствувам добро, повторно да верувам во Милан, дека овој клуб наскоро ќе почне да освојува трофеи. Ме радува што Алегри беше полн со енергија и позитивно расположение, знам дека поради него тимот функционира така добро и верувам дека можеме да вршиме притисок врз Интер до крајот на сезонава, да се бориме за скудетото“, оптимистички е расположен легендарниот голгетер на „росонерите“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

