Шокантна вест доаѓа од фудбалски Луксембург, каде челниците на федерацијата мораа да му врачат отказ на селекторот на женската репрезентација на оваа земја, Даниел Сантош.
Причина не се слабите резултати, туку скандалозното однесување на селекторот, кој испраќал непримерни пораки до дел од фудбалерките, кои случајот го пријавиле кај одговорните во федерацијата.
„Добивме некои поплаки за несоодветни пораки што селекторот ги праќал на дел од фудбалерките. Такво однесување, особено кога доаѓа од некој што е на позиција на авторитет и одговорност, е целосно спротивно на сите етички вредности и рамките на почитување на кои инсистираме како федерација“, се вели во соопштението на куќата на фудбалот на Луксембург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

