Малески: Имавме криза, но дуелот со „лавовите“ е шанса да врземе серија победи

Струга Трим Лум не го започна најдобро пролетниот дел од сезоната, но тимот верува дека може добро да стартува во третиот круг од првенството и да фати залет за да се вмеша и во трката за титулата.

Христијан Малески, напаѓачот кој на досегашните 22 натпревари има постигнато десет голови и реализирано четири асистенции верува дека стружани ќе стигнат до триумф на денешниот дуел со Македонија ЃП.

„Имавме мала криза на почетокот од пролетниот дел. Победата против Шкупи мислам дека дојде токму во вистинско време, а денешниот натпревар против Македонија ЃП верувам дека е добра можност да ја продолжиме серијата победи и да останеме дел од тројката што до самиот крај ќе се бори за шампионската титула“, изјави Христијан Малески.

„Можам да ветам дека и на денешниот меч ќе го дадам максимумот за тимот повторно да победи. Секогаш се трудиме да ја завршиме нашата работа на најдобар можен начин, верувам дека тоа ќе донесе и нови три бода“, истакна напаѓачот на Струга Трим Лум.

Натпреварот меѓу Струга Трим Лум и Македонија ЃП се игра на Градскиот стадион во Струга со почеток во 12 часот.

Се вчитува...