Ферстапен разочаран: Секој круг во овој болид е…

Макс Ферстапен не го крие разочарувањето од перформансите на болидот на Ред Бул на стартот од новата сезона. Поранешниот Ф-1 шампион засега има многу проблеми во Кина, најпрвин го освои деветтото место во спринт-трката, а потоа во квалификациите за пол-позицијата едвај стигна до осмата позиција.

„Менувавме многу работи во болидот, а тоа не направи никаква разлика. Цел викенд бевме лошо, не можам да ја возам оваа формула, не можам ниту да почувствувам конекција со болидот, нема никаков баланс. Секој круг во овој болид е како преживување“, разочарано истакна Ферстапен.

Големиот ас беше прашан од каде конкретно доаѓаат тие проблеми, по што следеше одговор: Малку е до моторот, но мислам дека тоа не е најголемиот проблем. Не можам воопшто да притискам толку кон напред бидејќи болидот не ми го допушта тоа. Не чувствувам дека имам контрола над возилото. Не требаше да се случува вака… од првиот круг, од промената на правилата, се е погрешно, јас не уживам возејќи го мојот болид“.

Се вчитува...