Натпреварот од 23. коло во Првата лига на Македонија меѓу Шкендија и Арсими се игра на градскиот стадион во Тетово со почеток во 14:30 часот.
По ремито на домашен терен со Брера, Шкендија посакува победа за одржување на трката за шампионската титула.
„Тимот изгледа добро, и покрај тоа што на последниот натпревар не дојдовме до посакуваниот резултат. Одигравме добар натпревар, се боревме со играч помалку и тој гол на крајот нè разочара. Но, фудбалот има вакви работи, исто како што постигнавме гол на крајот со Силекс, овој пат примивме на крајот. Сега имавме доволно време да се подготвиме за утрешниот натпревар против Арсими и ќе се потрудиме да ги освоиме трите бода“ – вели Дрилон Ислами и дополнува:
„За нас, секој натпревар е како финале. Сега остануваат 11 натпревари, за нас сите се како финале и ќе се обидеме да ги освоиме сите можни бодови за да продолжиме по патот кон шампионската титула. А, на тој пат поддршката од јавноста е многу важна, особено кога работите не одат добро, помошта од навивачите игра голема улога. Особено на домашните натпревари што ги имаме. Ги повикувам сите навивачи да дојдат во голем број, бидејќи ова се последните натпревари и нормално е да ја чувствуваме помошта од јавноста. Ни требаат навивачите и ќе се обидеме да ги наградиме на крајот од сезоната со шампионската титула.“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

