Женската кошаркарска репрезентација на Македонија претрпе пораз од 101-47 на гостувањето во Солун против Грција, во рамките од квалификациите за Евробаскет 2027. Неколку дена по преубедливиот пораз во Данска, нашата подмладена селекција немаше сили за посериозен отпор ниту на јужниот сосед, кој рутински ја оправда фаворитската улога.
Грција одигра импресивна прва четвртина во која нашите кошаркарки постигнаа само седум поени и се најдоа во огромна негатива од „минус 22“ (29-7). Во вториот период заигравме поефикасно постигнувајќи 15 поени (20-15), по што на одмор се замина со 49-22. Третата четвртина донесе уште подобра игра на Грција во одбраната, нашите кошаркарки постигнаа прескромни пет поени (28-5), по што убедливиот пораз беше неизбежен. Македонија најдобро ги одигра последните десет минути во кои нашите кошаркарки постигнаа 20 поени ), но на крајот сепак го загуби мечот со конечните „минус 54“.
Хемпе со 21 поен беше единствената со двоцифрен ефект во нашиот состав, седум поени постигна Стојановска, а шест Селцова.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

