Вардар ја продолжува активно битката за шампионската титула, со триумф од 1-0 против Брера во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига.
Триумфот за црвено-црните дојде во 96. минута по оправдано досудениот пенал, а по реакција на ВАР-системот. Многу потешко од очекуваното Вардар дојде до победата со голот од пенал во шестата минута од судиското продолжение на Закариќ.
Пеналот дојде откако гостинскиот дефанзивец Велков играше со рака, а главниот судија Трпчевски по реакција на ВАР, сосема оправдано досуди пенал.
Вардар беше крајно блед во првиот дел без поизразени шанси, но беше поблиску до погодок, пред се во второто полувреме преку шансите на Цветковиќ, кои не беа искористени. Сепак, и не доволно опасни по голот на противникот, се до финишот кога дојде пеналот за три бода.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

