Херера во 90. минута донесе голема победа за Борац во дербито против Железничар

Колумбиецот со македонски пасош, Себастијан Херера, кој треба да се најде на списокот на селекторот Гоце Седлоски за престојниот бараж за пласман на СП 2026, е херојот на Борац Бања Лука во шампионатот на БиХ.

Во големата дерби-пресметка, Борац славеше со 0-1 на гостувањето против Железничар на „Грбавица“ во Сараево, благодарение на голот во 90. минута на Себастијан Херера.

На клупата за резервни фудбалери во тимот на Борац беше и репрезентативниот голман Дамјан Шишковски.

Борац Бања Лука со оваа победа дополнително се зацврсти на врвот од табелата пред Зрињски во битката за шампионската титула.

Се вчитува...