Баерн со два играчи помалку извлече реми во Леверкузен, сигурна победа на Дортмунд (ВИДЕО)

Баерн Минхен е на девет бода предност сега во однос на второпласираната Борусија Дортмунд по 26. коло во Бундеслигата откако ремизираше (1-1) на гостувањето против Баер Леверкузен.

Тоа го искористи Борусија Дортмунд која, пак, триумфираше со 2-0 против Аугсбург.

Баерн Минхен издржа и со двајца фудбалери помалку до бод во Леверкузен, откако Џексон беше исклучен во 42. минута поради груб старт. Претходно, домашните поведоа со 1-0 со голот на Гарсија уште во 6. минута.

Но, иако со фудбалер помалку Баерн во второто полувреме израмни со голот на Луис Диаз во 69. минута.

Токму, Диаз беше исклучен во 84. минута по два брзи жолти картони.

Борусија Дортмунд го победи Аугсбург со 2-0, со головите на Адејеми во 13. минута и Реџиани во 59. минута.

Ајнтрахт Франкфурт славеше со 1-0 против Хајденхајм, а Хофенхајм и Волфсбург одиграа без победник, 1-1.

Се вчитува...