ВТОРА ЛИГА: Лесен триумф на Осогово за заокружување на колото

Фудбалерите на Осогово триумфираа со 2-0 против Големо Коњари во последниот натпревар од 21. коло во Втората македонска фудбалска лига.

Сето тоа за заокружување на колото во кое водечките екипи, Брегалница, Охрид, Шкендија Арачиново, Скопје и Беласица забележаа победи со кои останаа на еднакво растојание на врвот од табелата.

Охрид славеше минимално со 0-1 на гостувањето против Кожуф, а Шкендија Арачиново со истиот резултат дома го победи Детонит.

Брегалница ја победи Каменица Саса со 3-1, а Скопје сосема очекувано убедливо со 0-5 победи на гостувањето против Победа. Беласица пред своите навивачи со 2-0 ја победи Слога Виница.

РЕЗУЛТАТИ – 21. КОЛО

Осогово – Големо Коњари 2-0

Беласица – Слога Виница 2-0

Брегалница – Каменица Саса 3-1

Кожуф – Охрид 0-1

Победа – Скопје 0-5

Шкендија Арачиново – Детонит Плачковица 1-0

Тетекс – Новаци 2-1

Вардар Неготино – Преспа 2-1

Се вчитува...