СРЦЕПАРАТЕЛНИ СЦЕНИ ВО КОЧАНИ: Навивачите на Осогово, Томас и Александар, кои загинаа во пожарот добија бисти на Градскиот стадион (ВИДЕО)

Срцепарателни сцени на Градскиот стадион во Кочани пред денешниот натпревар меѓу Оосгово до Горно Коњари во Втората македонска фудбалска лига.

На Градскиот стадион во Кочани од денеска постојано место ќе имаат бистите на Томас Златков и Александар Стојанов верните членови на навивачката група „Сејмени“ на ФК Осогово, кои загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“ пред една година.

Пред навивачите на „Сејмени“ но и пред сите кочанци, денеска се обрати Јулија Златкова, мајка на Томас, која истакна дека стои со чувство на огромна болка и тага, но е горда што сега двајцата верни навивачи на симболичен начин ќе бидат присутни засекогаш на местото каде што беа најсреќни.

„Бистите се поставуваат во нивна чест токму овде на трибините каде што се чувствуваше најмногу нивната енергија. Иако сме ние тажни, во исто време како нивно семејство ќе бидеме и горди, бидејќи се наоѓаат на местото каде што беа најсреќни. Овие бисти нека бидат вечен симбол на нивниот живот, но и сведоштво дека најголемото богатство што човек може да го остави зад себе е добрината и споменот во срцата на луѓето“, рече Златкова.

Во кочанската дискотека „Пулс“ згаснаа 63 млади животи а повеќе од 200 беа повредени. Македонија засекогаш ќе ја памети една од најголемите трагедија во историјата на државата.

Се вчитува...