Русинот Данил Медведев и Италијанецот Јаник Синер ќе играат во финалето на Мастерсот на Индијан Велс.
Медведе, крајно изненадувачки, го елиминираше во полуфиналето првиот носител Карлос Алкараз победувајќи го со 6-3 и 7-6(3).
Италијанскиот тенисер Јаник Синер, пак, по само еден час и 22 минути игра во првото полуфинале го победи Германецот Саша Зверев со 6-2, 6-4.
Со тоа, тој го подобри својот претходен најдобар резултат во Калифорнија, каде што беше двапати сопрен во оваа фаза од натпреварувањето.
Тој, исто така, го подобри резултатот на 7-4 во победите против Зверев. Со тоа што ги доби последните шест борби против Саша.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

