Од утре дистрибуција на билетите за баражот со Данска – има уште мал број билети за македонските навивачи!

Организаторот на бараж натпреварот за пласман на Светското првенство меѓу селекциите на Данска и Македонија соопшти дека од почетокот на следната недела ќе почне со дистрибуција на билетите за пресметката на 26 март.

Сите оние кои купиле билети за секторот кој е предвиден за навивачите на македонската репрезентација од понеделник на своите мејл адреси ќе ги добијат билетите.

Според последните информации во продажба има уште мал број на билети и сите оние кои немаат обезбедено, а сакаат да ја бодрат репрезентацијата на Македонија на дуелот до Данска во Копенхаген може да купат.

Полуфиналниот бараж натпревар меѓу репрезентациите на Данска и Македонија се игра на 26 март на Паркен стадионот со почеток во 20 часот и 45 минути.

Се вчитува...