Одбојкарките на Младост УГД со пресврт го победија Работнички за второ место на табелата

Претпоследното, 17. коло од регуларниот дел на сезоната во Првата лига жени донесе турбуленции на табелата, особено на врвот во директните дуели за подобра позиција во плејофот.

Младост УГД со превсрт дојде до победа од 2-3 (25:22, 25:18, 22:25, 22:25, 11:15) на гостувањето кај Работнички Скопје и го превзема второто место на табелата, зад лидерот Наковски Волеј. Се чинеше дека домаќинот има контрола над случувањата на теренот, особено по предноста од 2:0 во сетови, но одбојкарките на Младост УГД ги намалија грешките, ја подобрија играта во поле и со голема борбеност и карактер се изборија за комплетен пресврт и значајна победа на едно коло до крајот на регуларниот дел.

Со овој пораз Работнички Скопје, „падна“ на четвртата позиција, откако актуелниот шампион Јанта Волеј КВ со 3-1 го победи Вардар ЕМ и поради победа повеќе застана на третото место. Работнички Скопје и Јанта Волеј КВ, кои се и бодовно изедначени (36 бода) во директен дуел во последното коло ќе решаваат кој ќе стои како третопласиран тим.

Газели Волеј по вторпат оваа недела го победи Пелистер Волеј со 3-0. „Газелите“ претходно го елиминираа битолскиот состав во четвртфиналето од Купот на ОФМ, а сега истиот резултат го повторија и во првенството.

Во дуелот од дното, Фит Фан Волеј со победа од 3-1 над Ускана уште еднаш само потврди дека тимот од Кичево ќе остане без прволигашки статус по завршувањето на сезонава, додека девојките на Фит Фан ќе разигруваат во баражот за опстанок во Првата лига.

Наковски Волеј уште во четвртокот запиша победата од 3-1 над Струмица жени, во градскиот дуел.

ПРВА ЛИГА ЖЕНИ, 17. КОЛО

Вардар ЕМ – Јанта Волеј КВ 1-3 (25:14, 19:25, 25:15, 25:23)

Газели Волеј – Пелистер Волеј        3-0 (25:23, 25:19, 25:16)

Фит Фан Волеј – Ускана        3-1 (25:10, 22:25, 25:10, 25:19)

Струмица жени – Наковски Волеј    1-3 (20:25, 25:21, 21:25, 14:25)

Работнички Скопје – Младост УГД  2-3 (25:22, 25:18, 22:25, 22:25, 11:15)

Се вчитува...