Шкендија со една „бомба“ на Ибраими до трите бода против Арсими (ВИДЕО)

Шкендија забележа очекувана победа против Арсими во 23. коло од Првата македонска фудбалска лига, со која останува и натаму во трката со Вардар за шампионската титула сезонава во елитното друштво.

Тетовци триумфираа со 1-0, благодарение на феноменалниот погодок на капитенот Бесарт Ибраими.

Ибраими во 18. минута од средбата испрати извонредна „бомба“ од 20 метри која донесе предност од 1-0, и се покажа сосема доволна за три бода на „црвено-црните“.

Во второто полувреме Шкендија имаше уште неколку убави можности и за поубедлива победа, но останаа неискористени за конечни 1-0.

Па, и по 23 коло во ПМФЛ, остана три бода разликата на врвот меѓу Вардар и Шкендија.

Се вчитува...