Ешли Кол, тренер во втората италијанска лига!

Тренерска смена во италијанскиот второлигаш Чезена вообичаено не е интересна тема во европската фудбалска јавност, но овој случај е исклучок – затоа што за нов кормилар беше именуван поранешниот ас на Челси, Ешли Кол.

Легендарниот лев бек освои се што можеше да се освои со лондонскиот клуб, а по успешната играчка се реши да почне и тренерска кариера, најпрвин во младинската школа на Челси, а потоа и во младинската англиска репрезентација,  па во сениорскиот национален тим на „гордиот албион“, како помошен тренер.

Потписот за Чезена претставува негова прва авантура како шеф на стручниот штаб. Договорот е потпишан со важност до крајот на сезонава, но  со можност за автоматско продолжување на уште една година ако се активира клаузулата за која треба да бидат остварени одредени резултати во наредните месеци.

Се вчитува...