Барселона се врати на „плус четири“ во однос на Реал Мадрид откако каталонскиот гигант попладнево лесно и убедливо ја совлада Севилја со 5-2, одмаздувајќи му се на овој ривал за поразот од 4-1 во првиот дел од сезонава.
Флик реши да го одмори Ламин Јамал, но дури и без овој фудбалски генијалец Барса делуваше моќно на теренот, во ниту еден момент победата не беше доведена во прашање.
Почетокот беше во знакот на Кансело, кој изнуди два пенали во првите дваесетина минути по кои Рафиња погоди за 2-0. Дани Олмо беше прецизен за 3-0 до крајот на првото полувреме, а во вториот дел Рафиња го комплетираше хет-трикот, пред Кансело своето маестрално издание да го запечати со погодок во мрежата на Севилја.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

