Милан не успеа да го искористи последниот „кикс“ на Интер и да ја направи уште поинтересна трката за скудетото откако „росонерите“ вечерва загубија со 1-0 на гостувањето во Рим против Лацио.
Избраниците на Алегри платија за слабото прво полувреме во кое не упатија ниту еден удар во рамките на противничкиот гол, му дозволија на противникот да доминира и создава шанси, по што „лацијалите“ заслужено поведоа преку Исаксен.
Милан заигра подобро во вториот дел, имаше неколку убави шанси, но не успеа да стигне барем до израмнувачки погодок, по што заостанувањето зад Интер на девет кола до крајот изнесува осум бодови.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

