Никси „преживеаја“ -21, а потоа го срушија Голден стејт (ВИДЕО)

Њујорк Никс ги победија Голден Стејт Вориорс со 110-107 изминатава ноќ во НБА лигата.

Њујорк Никс по „дебел“ дефицит и голема негатива од дури 21 поен, успеаја да дојдат до пресврт и да ги победат Голден Стејт Вориорс, кои не беа комплетни. Стеф Кари го пропушти 17-от натпревар по ред, а ги немаше неговиот брат Сет, ниту Ал Хорфорд, Дрејмонд Грин, Кристапс Порзингис и Дионтонио Мелтон, додека Џими Батлер ја заврши сезоната одамна.

Ова беше 11-ти натпревар по ред во кој Стив Кер користеше различен состав, правејќи 11 различни почетни состави во последните 11 натпревари.

И покрај сите овие проблеми, Вориорс постигнаа 35 поени во првата четвртина, а во втората по краток временски период имаа предност од 46-25, односно +21 поен.

Џордан Кларксон и Џејлен Бренсон направија клучна серија во средината на втората четвртина и ја намалија на 54:45, од -21 на -9, што донесе надеж дека можат да направат пресврт. Следеше спектакуларна трета четвртина, во која тимот на Никс постигна 38 поени за 12 минути игра, а во четвртата ја завршија работата без поголеми проблеми и го победија Голден Стејт со 110-107.

Џејлен Бренсон беше најефикасен со 30 поени и 9 асистенции, додека Карл Ентони Таунс имаше 17 и 12 скока, додека Ануноби и Кларксон постигнаа по 14 поени, а Ландри Шемет имаше 10 поени.

Што се однесува до Голден Стејт, Подземски имаше 25 поени, 5 скока и 6 асистенции, Квинтен Пост имаше 22 поени, а Гај Сантос заврши со 20 поени, и по седум скока и асистенции.

РЕЗУЛТАТИ – НБА

Филаделфија – Портланд 109-103
Њујорк Никс – Голден Стејт Вориорс 110-107
Сакраменто Кингс – Јута Џез 116-11

Се вчитува...