Македонија точно една година по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани и денеска се уште свежо ги чувствува раните од големата трагедија во Кочани во која животот го загубија 63 лица.
Македонија денеска се сеќава на нивната младост, никогаш не заборавајќи ја трагедијата која засекогаш ќе носи огромна болка.
Со сеќавање и Фудбалската федерација на Македонија, од каде нагласуваат дека ова не е само сеќавање на една трагедија, но пред се сеќавање на девојките и момчињата, на нивните животи, соништа и насмевки.
„Денес не се сеќаваме само на трагедијата, туку на луѓето. На нивните животи, соништа и насмевки. Споменот на нив останува засекогаш. Нека им е вечна светлината“ – порачаа од Фудбалската федерација на Македонија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

