Новиот македонски селектор Гоце Седлоски го соопшти списокот на репрезентативци за престојните бараж пресметки против Данска, а потоа против Чешка или Ирска во обидот за пласман на СП 2026.
Согласно претходните најави на списокот се само три нови имиња, без драматични промени во тимот во однос на досегашната селекција на Милевски, левокрилниот дефанзивец Себастијан Херера, Колумбиецот со македонски пасош од Борац Бања Лука, офанзивецот од САД, Дени Мусовски како и Имран Фетаи од Шкендија.
Костурот на националниот тим останува главно сосема идентичен од селекторувањето на Благоја Милевски, со тоа што повратници во тимот се Егзон Бејтулаи, Љупчо Дориев и Бобан Николов. Но, и нема кам-бек во националниот тим и за поранешниот капитен, десниот бек Стефан Ристовски.
Останатите репрезентативци – 22, од вкупно 28 повикани, се оние кои го понесоа товарот на репрезентацијата и низ квалификацискиот циклус под палката на Милевски.
Во однос на оние репрезентативци кои претходно имаа стандардни повици кај Милевски сега ги нема, дефанзивците Бојан Илиевски, Бојан Димовски, како и Стефан Ашковски, но и фудбалерот од средниот ред Агон Елези.
СПИСОКОТ НА ГОЦЕ СЕДЛОСКИ ЗА БАРАЖОТ СО ДАНСКА

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
