Седлоски: Во главата веќе ги имам првите 11 за мечот со Данска!

Македонија без драматични промени во составот во однос на досегашната селекција на ростерот, со новиот селектор Гоце Седлоски, ќе ја очекува пресметката против Данска во баражот за пласман на СП 2026 во САД, Канада и Мексико.

За самата пресметка со Данците на 26 март, Седлоски нагласи дека веќе има во главата со кои 11 би истрчале во Копнехаген.

„Данска има повредени играчи и има проблеми со тимот. Но фокусот е само на нашата репрезентација. Ме радува формата на нашите фудбалери. Сите кои играат треба да дадат максимум. Данска има широк ростер, но не треба да се плашиме иако е фаворит, треба само да одиграме храбро и мотивирано. Се работи за доста сериозен противник кој е голем мотив да се докажеме. Имам во главата со кои 11 ќе истрчаме, но треба да видиме. На хартија Данска е фаворит. Но, така беше и со Италија, бевме аутсајдери, па направивме подвиг, нека биде така и сега“ – рече Седлоски на денешната прес-конференција и дополни:

„Не сакам да размислувам за финале туку главата ми е Данска па после ќе видиме. Би ја посакувал во финале Ирска. Традицијата не игра улога тоа било одамна, но треба сето тоа да го оставиме зад себе. Одиме да одиграме најпрво во Данска без страв, а потоа ќе размислуваме за другото“.

Се вчитува...