Познато е до кога Ханс Флик ќе ја води Барселона

Барселона и тренерот Ханс-Дитер Флик се согласија да го продолжат договорот до 2028 година. Сегашниот на Германецот истекува во 2027 година, но се чини дека истиот ќе биде продолжен на уште една сезона.

Тоа веројатно ќе биде и последниот „мандат“ на Флик во Барса, и потоа ќе дојде до разделба, објави „Диарио Спорт“.

Официјалното продолжување ќе биде објавено наскоро. Преговорите биле започнат кон крајот на минатата година, но условот бил Лапорта да биде одбран за претседател на клубот, со што и се случи вчера.

Флик е тренер на Барса од 2024 година, освојувајќи ја Ла Лига, Купот и два Супер-Купа на Шпанија.

Се вчитува...