Анчелоти: Штета што Валверде нема бразилски пасош

Федерико Валверде игра одличен фудбал во моментов во Реал Мадрид. Постигна три гола во победата на „кралевите“ против Манчестер Сити во првиот меч од 1/8 финалето во Лигата на шампионите, а потоа погоди и против Елче во шпанска Ла Лига.

Неговиот доскорашен тренер Карло Анчелоти, кој сега е селектор на Бразил, рече дека му испратил порака со интересна содржина.

„Му испратив порака на Феде Валверде и му реков „штета што немаш бразилски пасош“. Пред години се обложив дека Феде ќе даде 10 голови во една сезона, или дека ќе ја скинам тренерската лиценца“, коментираше Анчелоти.

Се вчитува...