Информацијата дека Дмитро Хориха заминува од Вардар, доби потврда откако и тренерот на „црвено-црните“ Иван Чупиќ потврди во интервју за „Спортске новости“.
Следна дестинација за Украинецот со македонски пасош ќе биде унгарскиот тим Пик Сегед, откако постигнал договор со овој тим, а договорот стапува на сила од почетокот на следната сезона.
„Бараме две засилувања. Следната сезона Хориха оди во Сегед, а доаѓа Љевар. Ни се приклучија Воркапиќ и Силва, побрзо од планираното, затоа што останавме без Талески и Борозан“, изјави Чупиќ.
Хориха од април ќе може да настапува и за македонската репрезентација, затоа што три години нема играно за украинската селекција, и ќе може да се стави на располагање на селекторот Кирил Лазаров.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

