ПОЛУВРЕМЕ ПМФЛ: Работнички со водство против Башкими, во Кратово нема голови (ВИДЕО)

Со голот на Мухарем во 11. минута од средбата, во Куманово предност има тимот на Работнички во мечот против Башкими. Мухарем доби една топка, изби сам пред голот на Јашар и рутирнирано го совлада.

Во Кратово Силекс и Пелистер нема голови. Пелистер ја имаше најдобрата шанса, кога Булатовиќ по акцијата со Керим се закани, но Џеков одлично одбрани. Донов имаше удар од далечина, но Јовчевски одбрани во корнер. Потоа Спировски можеше да донесе гостинско водство, неговиот обид заврши сантиметри крај голот.

Се вчитува...